Свет 15. ноември 2020. / 23:30

Во Франција има околу 300.000 бездомници, најмногу во изминатите 20 години

Во Франција има околу 300.000 бездомници, најмногу во изминатите 20 години

Бројот на бездомници во Франција е највисок во изминатите 20 години и таа цифра е околу 300.000. Тоа го нагласи Кристоф Робер генерален делегат на фондацијата Абе Пјер во изјава за Журнал ди Диманш.

„Тоа значи двојно повеќе отколку во 2012 година и трипати повеќе од 2001 година“, изјави тој.

Ситуацијата според него може да се влоши по 1 април кога ќе заврши зимскиот мораториум за протерување поради неплатена станарина, јави дописникот на МИА.

Фондацијата изброила „приближно 185.000 луѓе во центрите за сместување“, „100.000 во прифатните центри за баратели на азил“ и „16.000 лица во сиромашните квартови“.

„Има и бездомници, кои тешко можат да се избројат“, вели тој.

Фондацијата стравува дека голем број од овие луѓе ќе паднат во уште поголема беда, бидејќи ако при првите мерки на ограничување „сите се мобилизираа за бездомниците“, конфигурацијата денес е поразлична со „многу протерување сиромашните квартови во последните месеци“.

Според фондацијата Абе Пјер, „со економската криза и масовната невработеност, многу луѓе ризикуваат повеќе да не можат да плаќаат за своите станови“.

„А и протерувањата ќе продолжат од 1 април. Ние мора да ја предвидиме оваа темпирана бомба “, предупредува Роберт, барајќи „ создавање на фонд за помош на исплата за наемнини и давачки, обезбеден со 200 милиони евра“, и изградба на 150.000 социјални станови годишно