Бројот на смртни случаи од корона вирус во Франција во минатото деноноќие се зголемил за повеќе од 100 за првпат по 13 дена, во момент кога земјата ги олеснува рестриктивните мерки воведени со цел спречување на ширењето на Ковид-19.
Како што соопшти француското министерство за здравство, бројот на починати се зголемил за 107, или 0,4 проценти, на вкупно 28.940, со што Франција е на петтото место по број на смртни случаи во светот.
Во исто време, според Министерството за здравство, бројот на пациенти во болниците се намалил на 14.028 од 14.228, колку што беше ден претходно.
Бројот на пациенти во единиците за интензивна нега исто така се намали на 1.253 од 1.302.
Во болниците се регистрирани 84 нови случаи на корона вирус, додека се уште нема податоци за домовите за стари лица за последните три дена, со што вкупниот број на заразени со корона вирус се зголеми на 189.304.