Свет 11. јануари 2021. / 08:59

Во Европа пристигнале 124.000 илегални имигранти минатата година, најмногу од Сирија

Во Европа пристигнале  124.000 илегални имигранти минатата година, најмногу од Сирија

Во текот на 2020 година 124.000 илегални имигранти дошле во Европа, што е за 13 проценти помалку од претходната година, според агенцијата Фронтекс.

Од вкупниот број пристигнувања, 90 проценти биле мажи, претежно од Блискиот исток и од Африка.

Жените биле помалку од 10 проценти, а останатите ги сочинувале децата.

Повеќето од илегалните имигранти се Сиријци, а по нив следуваат Мароканците, Тунижаните и Алжирците, пренесе „Аваз“.

„Фронтекс“ е агенција на ЕУ за безбедност на нејзините надворешни граници.