Свет 13. декември 2019. / 15:15

Во експлозија на бомба во Авганистан загинале 10 цивили

Во експлозија на бомба во Авганистан загинале 10 цивили

Во експлозија на бомба, активирана во близина на пат во централниот дел на Авганистан, загинале 10 цивили, меѓу кои и четири жени и едно дете, потврдија властите во земјата.

Во експлозијата во провинцијата Газни, повредени се и шест цивили, прецизираше портпаролката на Министерството за внатрешни работи Марва Амини.

Настраданите биле во минибус, кога нивното возило наишло на мина. Досега никој не ја презеде одговорноста, но Амини ги обвини Талибанците, кои контролираат поголем дел од регионот.