Свет 19. мај 2020. / 20:43

Во Чиле протести и судири поради недостатокот на храна предизвикан од коронавирусот

Во Чиле протести и судири поради недостатокот на храна предизвикан од коронавирусот

Полицијата и демонстрантите се судрија во јужниот дел од Сантијаго, главниот град на Чиле. Луѓето протестираат поради недостаток од храна во сиромашните квартови заради карантинот воведен за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Според „Ројтерс“, демонстрантите фрлале камења и палеле дрвја низ улиците во сиромашниот кварт на јужниот дел од Сантијаго.

Локалната телевизија емитувала снимки на кои се гледа како полицијата фрла солзавец и користи водени топови за да ги растера собраните луѓе, пренесе „Гардијан“.

Општината во изјава навела дека семејствата гладуваат во најсиромашните сектори на Ел Боскуе, област во која многу работат на црно или воопшто не работат.

Градскиот кварт е под карантин од средина на април, наведуваат во соопштението од градот.