Со денови се прегледуваат снимките од последната средба на двајцата корејски лидери.
Историската средба на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и неговиот јужнокорејски колега , Мун Јае Ин со денови се анализира. Седуммина имале задача да ги прегледаат сите видео снимки од средбата , каде лидерот на Северна Кореја се движел слободно . Снимките се прегледувани војужнокорејскиот весник Чосун Илбо , каде се критикувани и двајцата претседатели. Главна на ударот е висината на Ким Џонг Ун.
Од видео снимките е утврдено дека севернокорејскиот лидер наводно е висок 172 сантиметри , за разлика од неговиот татко со висина од 157 сантиметри, иако носел влошки за да изгледа повисок. По проучување на снимнките било утврдено дека Ким е понизок за 2,5 сантиметри од јужнокорејскиот претседател , кој е висок 168 сантиметри. Од видеото било забележано нешто чудно на чевлите на Ким.
Тој имал искривување на предниот дел по што можело да се заклучи дека носел големи влошки на петата за да изгледа повисок. Измериле дека Ким е висок најмногу до 163 сантиметри и дека лажно се претставува за десетина сантиметри повисок.