Свет 23. април 2020. / 22:30

Во британското пристаниште Довер запленети 190 килограми кокаин

Во британското пристаниште Довер запленети 190 килограми кокаин

Британската полиција заплени 190 килограми кокаин во пристаништето Довер. Проценета улична вредност на дрогата изнесув околу 23,5 милиони долари.

Уапсени се три лица од два камиони.

Во соопштението на Националната криминалистичка служба се прецизира дека 140 килограми дрога се пронајдени во камион кој превезувал хартија и картони од Холандија, додека 50 килограми се пронајдени во друг камион кој превезувал градежни блокови.

Се верува дека тие две пратки не се поврзани.

Овие две заплени покажуваат дека организирани криминални мрежи поврзани со меѓународната трговија со дрога продолжуваат да бидат закана за Велика Британија, дури и во време на рестрикции воведени поради пандемијата од корона вирусот – изјави командантот на Националната криминалистичка служба во Довер, Мартин Грејс.

Пристаништето Довер на југот на Англија е едно од главните раскрсници со копнениот дел на Европа, а со Франција е поврзан со траектните линии кон пристаништата Кале и Данкерк, како и со тунелот под Ла Манж.

Минатиот септември британските власти запленија речиси 1,3 тони хероин со улична вредност од околу 148 милиони долари во пристаништето Феликстов, што е најголемо запленето количество дрога запленето во историјата на земјата.