Најмалку 70 илјади граѓани вчера маршираа во Брисел со апел до политичарите да ги исполнат своите ветувања во справувањето со климатските промени.
Со натписи на транспарентите како „Престанете да одбивате дека Земјата умира“ и „Она за што се залагам е она на што стојам“, демонстрантите се движеа низ главниот град на Белгија до зградата на Европскиот Парламент со цел да испратат порака до европските законодавци.
Сличен протест во Брисел се одржа и минатиот декември, на кој организаторите повикаа на климатски политики со кои ќе се лимитира глобалното загревање на 1,5 степени целзиусови, во согласност со целите на Договорот од Париз. На протестот на 24 јануари околу 35 илјади ученици и студенти ја бојкотираа наставата и излегоа да демонстрираат за климатскиот проблем.
Железничкиот транспорт низ Белгија бил толку преоптоварен што илјадници демонстранти задоцниле на маршот.
И покрај тоа што директното влијание во белгиската политика е мало, бидејќи земјата ја предводи техничка влада, демонстрациите сакаат да го стават климатското прашање високо на агендите на европските партии пред изборите во Европската Унија во мај.