Непознати активистите во Брисел го отстраниле споменикот на белгискиот крал Леополд Втори.
Во квартот Одергем останал само празниот пиедестал и не се знае каде е статуата на кралот. Леополд Втори владеел со Слободна Држава Конго од 1865 до 1909 година, а неговите трупи убиле и осакатиле милиони луѓе во Конго.
Уште неколку дела кои го претставуваат Леополд Втори се вандализирани, запалени и обоени во црвено.
На мета на активистите бил и споменикот на кралот Бодуен, кој беше обоен во црвено и беше напишано „репарација“.