Свет 04. јануари 2020. / 19:11

Во близина на американската амбасада во Багдад експлодира ракета

Во близина на американската амбасада во Багдад експлодира ракета

Експлозија одекна во силно обезбедуваната ,,Зелена зона” во Багдад, каде што се наоѓа и амбасадата на САД.

Некои извештаи наведуваат дека била истрелана ракета, насочена кон областа. Проектилот бил истрелан од ракетен фрлач ја погоди Зелената зона, соопшти Ројтерс, повикувајќи се на полициски извори. Засега нема пријавени жртви. Според некои извештаи, ракетата експлодирала недалеку од амбасадата на САД.

Експлозијата, наводно, го блокирала патот што води кон американската дипломатска мисија во ирачката престолнина.