Свет 29. мај 2018. / 14:11

„Во авионот има бомба”: Лажна дојава предизвика хаос во авионот (ВИДЕО)

„Во авионот има бомба”: Лажна дојава предизвика хаос во авионот (ВИДЕО)

Најмалку 10 лица се повредени во авион на индонезиска компанија во метеж, кој настана пред полетувањето од островот Орнео, бидејќи еден од патниците рекол дека во леталото се наоѓа бомба.

Портпаролот на полицијата Нананг Пурномо рекол дека патниците го слушнале 26-годишниот Фринтинус Ниригиј како на стујардесата му кажува дека во авионот, кој превезувал 189 патници, има бомба.

Друг патник ги разбил прозорците за случај на опасност, па тој и Ниригиј биле веднаш уапсени, пренесува АП.

На видео снимката се гледа како луѓе стојат на десното крило на авионот, а некои се спуштаат преку десниот мотор.

Кај осум патници се констатирани скршени коски и повреди на главата, додека две лица се полесно повредени.

Авионот е претресен и бомба не е пронајдена.