Свет 12. септември 2018. / 10:33

Во Авганистан расте бројот на мртви по нападот на протестниот собир

Во Авганистан расте бројот на мртви по нападот на протестниот собир

Бројот на мртви во самоубиствениот напад на протестниот собир во источен Авганистан се зголеми на 68 од 32, рече денес портпаролот на гувернерот на провинцијата Нангархар.

Според зборовите на портпаролот, Атахул Когјаниј, 68 лица загинале, а 165 се повредени кога бомбаш самоубиец активирал експлозив сред група демонстранти на околу 70 километри од градот Џалалабад.

Претходниот биланс вчера беше 32 мртви и 128 повредени.

Се работи за втор најбрутален напад во Авганистан од почетокот на годината. Талибанците демантираа било каква вмешаност во нападот. Нуту една друга група не презеде одговорност, но талибанските бунтовници и „Исламска држава“ се активни во источен Авганистан, особено во провинцијата Нанхархар.