Во американската воздухопловна база „Рам штајн“ во Германија стигна најголемата испорака на оружје и муниција во поновата историја, се наведува во соопштението објавено на официјалната страница на базата.
Во текот на овој месец донесени се 100 контејнери со разно оружје и муниција, а наредникот Дејвид Хед изјавил дека таква испорака досега не е забележана од крајот на 20 век.
„Ова е најголема испорака на таков вид уште од операцијата на сојузните сили во 1999 година“ рекол Хед, мислејќи на НАТО бомбардирањето на СРЈ, кога беа извршени над 900 налети од оваа база.
Наредникот Артур Мајрик додал дека муницијата ќе биде искористена како поддршка на НАТО иницијативите во Европа и дека ќе ги зајакнат резервите.
„Ние сме значајна полетувачка точка за американското воено воздухопловство кон Европа и Африка, нашата главна работа е да ја подготвиме муницијата на време. Ова е вистинска муниција која ќе биде искористена за прави цели. Тоа е причина за оваа испорака. Да обезбедиме дека сме подготвени да напредуваме во борба доколку дојде до таква ситуација“ рекол Мајрик.
Медиумите пак наведуваат дека испораката ја одобрил Пентагон, за најголемата воена база на САД во странство.