Свет 05. мај 2020. / 09:29

Владата на Шпанија ја притиска опозицијата да прифати продолжување на вонредната состојба

Владата на Шпанија ја притиска опозицијата да прифати продолжување на вонредната состојба

Шпанската Влада врши притисок врз опозициските партии да одобрат уште едно продолжување на вонредната состојба во земјата и предупредува дека неуспехот да се стори тоа може да предизвика хаос.

Министерот за транспорт, Хозе Луис Абалос очекува остра дебата во Парламентот на утрешната седница.

Абалос смета дека овие мерки се најефикасниот правен инструмент во борбата против корона вирусот, затоа што на властите има даваат исклучителна моќ за ограничување на слободата на движењето.

Абалос вели дека без тоа, сите досегашни жртви би биле бесмислени.

Не постои план Б, нема алтернатива за вонредната состојба – изјави Абалос на прес-конференција во Мадрид.

И министерот за здравство, Салвадор Ила, изјави дека тоа е неопходно.

Шпанија успеа да го намали дневното зголемување на заразени од околу 35 проценти во средината на март на 0,16 проценти со помош на строгите мерки за изолација.

Повеќе од 25.000 луѓе во земјата починаа како последица од вирусот Ковид-19.