Свет 07. јуни 2018. / 12:17

Владата на Педро Санчез положи заклетва пред кралот Фелипе VI

Владата на Педро Санчез положи заклетва пред кралот Фелипе VI

Новата социјалистичка шпанска влада на премиерот Педро Санчез положи заклетва пред кралот Фелипе VI.

Новата шпанска влада е со најголем број на жени до сега, и изразува проевропски ставови.

Владата има 11 министерки и тоа во клучните ресори, економија, финансии, одбрана, правда и шест министри.

Новата влада исто така е влада со најмала поддршка во парламентот и експертите прогнозираат дека овој состав тешко ќе издржи до крајот на мандатот.