Министрите денеска ја разгледаа и ја прифатија информацијата за програмата и приоритетите на Австриското претседателство со Советот на Европската Унија, со календар за одржувањето на неформалните министерски состаноци на Европската Унија.
Владата ги задолжи ресорните министри доколку добијат покана за учество на неформалните министерски состаноци на ЕУ да учествуваат на истите, а по одржувањето на состаноците во рок од 15 дена да ги известат Владата на Република Македонија, Министерството за надворешни работи и Секретаријатот за европски прашања. Исто така, Mинистерството за надворешни работи е задолжено да ги координира подготовките за учество на неформалните министерски состаноци на Европската Унија.
За време на нејзиното претседателство, Австрија ќе се фокусира на безбедноста на Унијата (борбата против нелегалната миграција преку обезбедување на надворешните граници на Унијата), одржување на Европската конкурентност преку дигитализацијата и стабилноста во поблиското соседство на Австрија (интеграција во ЕУ на земјите од Западниот Балкан).