Свет 10. август 2018. / 22:54

Вклучени аларми ширум Европа за предупредување – невреме, поплави, одрони

Вклучени аларми ширум Европа за предупредување – невреме, поплави, одрони

Ширум Европа метеоролошките служби предупредуваат на опасност. На северот од континентот и во јужните делови на Франција, на сила стапени се предупредувања за силни ветрови, поплави, одрони, додека во Португалија пожарникарните единици се борат да го спречат повторното избивнување на пожарите кои минатата недела уништија десетина домови.

Властите во Португалија соопштија денеска дека успеале да го стават под контрола големиот пожар на југот од земјата, после една недела борба.

Директоратот за вода и енергија во Норвешка, објави од друга страна, портокалов аларма во планинскиот регион на југот од земјата, поради одрони, невреме и очекувални обилни врнежи кои пристигнуваат од северна Европа.

Поради евреме кое ја погоди јужна Франција евакуирани се околу 1.600 луѓе од три региони од таа земја.