Свет 28. мај 2018. / 09:58

Вистински херој: Мигрант од Мали спаси дете кое висеше преку оградата од балконот (ВИДЕО)

Вистински херој: Мигрант од Мали спаси дете кое висеше преку оградата од балконот (ВИДЕО)

Херојот Мамуду Гасама, на неверојатен спајдеременски начин спаси дете кое висеше преку балконот, на четврти кат од зграда.

Гасама, кој инаку е мигрант од Мали, се качи на четвртиот кат од зградата и го сласи детето.

Настанот се случил во Париз, а овој храбар потег го поздравил лично и францускиот претседател Емануел Макрон.

По овој невообичаен настан, градоначалничката на Париз изјавила дека постапката на Гасама треба да биде пример за сите. Таа најави дека ќе се заложи тој да добие престој во Франција.