Свет 23. јуни 2019. / 12:17

Вирусот Адидас

Вирусот Адидас

Секое поедноставување на одговорот за „дали сме безбедни?“ значи генерирање на дополнителни проблеми на кои, дел им ги познаваме последиците, но другиот дел е сосема непознат и најчесто комплициран за брзо да се одговори.

Пишува: м-р Симона ЈОСИФОВСКА

Барајќи ја слободата, полека се губи безбедноста – вистинитоста на овој исказ се потврдува секогаш. Така е и со новиот „Адидас“ вирус кој се рашири низ популарните апликации за комуникација WhatsApp и Viber. „Што е со овие групи Адидас?“, „Зошто постојано ми излегува ова?“, „Што се случува кога ќе кликнам на линкот?“, „Дали ми ги земаа податоците?“ – се прашањата кои деновиве си ги поставуваат голем број на граѓани во нашата држава. Со едноставно кликање на линкот, кој и за оние помалку упатените е очигледно нелегитимен (користат само http протокол за прибирање податоци, линкот е чуден, некој си – adidas.club/offer), луѓето одат чекор наназад од слободата, поради стравот. Но од самиот факт што премногу граѓани ја добија оваа понуда, ни станува јасно дека многумина, сепак, стиснале на линкот за да добијат нешто, наводно, од Адидас.
Целта на ваквите вируси е многу посериозна, отколу што изгледа. Тоа е позадинска инфраструктура која што собира податоци, а потоа ги користи за најразлични потреби, пред се на економските гиганти, но и за политички поени. Микротаргетирањето со помош на овие алатки секојдневно го достигнува врвот. Само размислете колку апликации ви побарале дозвола да располагаат со вашите информации, а вие едноставно сте притиснале на зеленото копче за да можете да ја користите апликацијата. Само скролајте на Инстаграм и ќе забележите дека ви излегуваат реклами, баш поврзани со вашите претходни пребарувања. И тоа ова таргетирање се направи така суптилно, што стана секојдневно и ние веќе не можеме да се сетиме како изгледал Фејсбук пред само две години…
Оттука ние ја имаме слободата да комуницираме, но дали имаме безбедност при комуникацијата?

Поставеното прашање отвора една вечна дискусија – слобода и безбедност.
Балансот помеѓу концептот слобода и концептот безбедност е тежок за оджување, пред се, бидејќи недостасуваат прирачници со кои би се олеснила имплементацијата. Од општествен аспект, кога само слободата се става за приоритет, системот еродира, па настанува хаос. Синџирите не можат да го чуваат ѕверот, кој исто така бара слобода. Кога, пак, само безбедноста се става за приоритет, системот го јаде општеството, па настанува сурова диктатура. Тогаш синџирите ги чуваат и пеперутките.

Со тек на еволуцијата, човекот, сепак успеал да воспостави некоја рамнотежа, да создаде некој check and balances, но човекот со еволулцијата научил и да ја намести вагата, кога тежнее на едната страна да покажува точност, да покажува баланс. Тогаш настануваат оние њус последици. После тоа лесно е да се пишува „што се случи“, но не толку едноставно „како се случи“.

Колку е некој безбеден кога е слободен, изгледа дека зависи од општествениот статус кој го ужива. На оваа поента не ретко политичките партии добиваат поени. Добро, секако парафразирано поинаку, за да се разбере. Но не е се така селективно. (или е?) „Има едно“ за сите што важи, но не функционира целосно.

Општествените процеси нужно тежнеат да се воспостави компромис помеѓу страните, зошто поинаку ќе се отиде во екстремност. Оваа поделеност мислам дека не треба да се гледа како спротовност, да се навива за едната или за другата страна, туку да се сфати како еден концпет, за кој што треба да се направи механизам да функционира како таков.
Годината 1648 е со огромно влијание врз светската историја и го креира правецот на движење, барем за неколку векови, но во современиот свет на површина избиваат слабостите.
Во претходниот период, гигантските компании реагираа соодветно на „невидливите“ закани, а тоа и сеуште го прават. Но она што ги тангира владите на големите држави е создавањето на организација помоќна од нив, која може да контролира милијарди ресурси – луѓе. Класичен пример за тоа е последните тензии помеѓу Фејсбук и САД, помеѓу Хуавеј и остатокот од светот.

Современите закани, веќе остареа. Сега е нова ера и попаметно би било да се адаптираме!