Свет 12. јануари 2020. / 20:30

Вилијам тажен за одлуката на брат му Хари: Не можам да го подржувам за неговата одлука

Вилијам тажен за одлуката на брат му Хари: Не можам да го подржувам за неговата одлука

Принцот Вилијам, во првата изјава откако принцот Хари и неговата сопруга Меган одлучија да се откажат од сите кралски должности, изјави дека цел живот го поддржувал брат му, но дека не може да го направи тоа и за оваа негова одлука, што го шокира кралскиот двор.

Војводата од Кембриџ изјави дека е тажен заради одлуката на принцот Хари да се одвои од кралското семејство затоа што кралското семејство повеќе нема да било „тим“.

– Цел живот го поддржував брат ми и го штитев, но веќе не можам. Ние сега сме два одвоени света. Тажен сум поради тоа. И се што можеме да направиме, се што можам да направам, е тоа да ги подржиме и да се надеваме дека ќе дојде денот кога повторно исто ќе мислиме. Сакам сите да бидеме во една екипа – му кажал  Вилијам на еден свој пријател, пренесе „Сандеј тајмс“.

Британското кралско семејство утре ќе се состане за да ја разгледа натамошната иднина на војводата и војводката од Сасекс, откако двојката во средата соопшти дека ќе се повлече од должноста на „виши“ членови на кралското семејство и ќе стане финансиски независна, пишува британскиот весник.