Ворнер истакна дека едногласната потврда на ветеранот во дипломатијата Барнс, кандидат на претседателот Џозеф Бајден за директор на ЦИА, сведочи за неговите „несомнени квалификации за таа позиција, долгогодишното искуство во националните безбедносни прашања и посветеноста кон јавните служби, која е за пофалба“.
За време на сослушувањето пред комитетот, Барнс изјави дека на „сè покомплексната и поконкурентна“ меѓународна сцена, „предаторскиот“ став на кинеската Влада претставува „најголем геополитички предизвик“