„Ние ниту можеме, ниту сакаме, да примаме имигранти што ќе бидат вратени од Германија, но сме подготвени да помогнеме за нивно враќање во Грција.“ изјави денескa унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Орбан истакна дека позицијата на Унгарија од почетокот на мигрантска криза била „директна и
искрена“, иако тоа понекогаш можеби делувало „непријатно“.
„Иста позиција имавме и во 2015 година. Балканската рута доаѓа од Грција и нема ниту еден единствен мигрант што влегол во ЕУ преку Унгарија“ изјави Орбан коментирајќи го договорот меѓу партнерите во Владата во Берлин за враќање на мигрантите што нема да добијат азил во Германија во земјите од каде дошле на германската граница.