Во домот на Борис Џонсон и неговата партнерка, Кари Симондс, во петокот сабајлето, беше повикана полиција откако соседите слушнале викотници, пренесе Гардијан.
Според информациите, двајцата се расправале толку гласно што се слушало и надвор. Соседот изјавил дека слушнал како жената вика “тргни се од мене” и “бегај од мојата зграда”.
Соседите наводно тропнале на врата, но бидејќи никој не им одговорил, повикале полиција.
Според официјалните податоци на полицијата не станувало збор за насилство и пријавените биле во добра состојба.
Инаку Џонсон е фаворит да стане лидер на Конзервативната партија, а со тоа и Премиер на Велика Британија.