Европската унија го отфрли барањето на Велика Британија за разговори за Брегзит викендов, објавија британските медиуми.
Европската комисија соопшти дека новата понуда на британскиот премиер Борис Џонсон не дава основа за финализирање на договорот за излез на Велика Британија од ЕУ.
– Разговорите за планот на Џонсон за прашањето за ирската граница нема да се одржат овој викенд – изјавила портпаролката на ЕК, Наташа Берто за „Скај“.
Берто додала дека во понеделник на Велика Британија ќе и биде дадена втора шанса детално да ги презентира своите предлози.
– Ако имавме разговори во текот на викендов, тоа би изгледало како да станува збор за вистински преговори, а ние сме далеку од тоа – изјави европски дипломат за „Тајмс“.
Претходфно, Борис Џонсон повтори дека нема да бара одложување на Брегзит.
– Нов договор или без договор – но нема одложување – напиша Џонсон на Твитер.
New deal or no deal – but no delay. #GetBrexitDone #LeaveOct31 ??
— Boris Johnson (@BorisJohnson) October 4, 2019
Сепак, неговата Влада вчера за првпат призна дека Џонсон ќе испрати писмо до ЕУ во кое ќе побара одложување на Брегзит доколку не се постигне договор до 19 октомври.