Свет 01. јуни 2018. / 12:00

Викал на цел глас ,,Сандра те сакам” и почнал да пука

Викал на цел глас ,,Сандра те сакам” и почнал да пука

Триесет и седум годишниот Мартин М. во вторникот во Австрија ја убил својата поранешна партнерка со неколку куршуми. Убиената Сандра Д. е 35-годишната Австријка со српско потекло.

Сандра која била забен техничар го запознала Мартин преку Фејсбук и живееле заедно околу една година, заедно со нејзиниот 11-годишен син.

Меѓутоа, неодамна се разделиле, бидејќи тој често бил насилен и ѝ се заканувал.

Бидејќи на 9. мај ја претепал му била изречена забрана за пристап и влез во станот.

Забраната за пристап траела 2 недели, а потоа Сандра не поднела повторно барање. Мартин не можел да го поднесе разделувањето и испланирал злосторство и ја пресретнал Сандра во вторникот на улица во центарот на Градот.

Пред да ја нападне својата поранешна партнерка извикал „Сандра ти си мој живот“.

Таа се обидела да влезе во автомобилот, но тој ја удрил неколку пати, а потоа го извадил пиштолот и пукал три пати. Потоа пукал во себеси.