Свет

Виена најдобар град за живот , Мелбурн е симнат од тронот

Виена најдобар град за живот , Мелбурн е симнат од тронот

Виена е најдобар град за живот според анализата на Economist Intelligence Unit(EIU), додека најмалку погоден за живот e Дамаск во Сирија.

Според ова, Виена е на врвот на листата и го симна Мелбурн, а следни се Осака, Калгари, Сиднеј, Ванкувер и Копенхаген.

Според “The Economist”, градот во кој е најлошо за живеење е Дамаск во Сирија. Меѓу останатите десет најлоши градови за живот се Дака, Лагос, Карачи, Алжир, Дакар.