Свет 09. јуни 2018. / 13:28

Виена е можна локација на средбата Путин- Трамп

Виена е можна локација на средбата Путин- Трамп

Виена се смета за една од можните локации , каде би се одржала средбата на Рускиот и Американскиот претседател , потврди денеска Кремљ.

Владимир Путин и Доналд Трамп би можеле да одржат средба во Виена , но конечната одлука не е донесена , потврди денеска портпаролот на Кремљ , Дмитриј Песков.

Тој додаде дека двајцата преседатели за време на телефонскиот разговор во март годинава разгледувале можности за стредба и тогаш наведувале локации , меѓу кои и Виена. Точниот датум на средбата и натаму не е договорен , информираат руските медиуми.