Во експлозија на нафтовод во централниот дел на Мексико загинаа најмалку 66 лица, а повредени се 76, изјави гувернерот на мексиканската државва Идалго, Омар Фајад.
Несреќата се случила, кога крадци се обиделе да украдат гориво и така ја пробиле цевката.
На една снимка може да се види како луѓето бегаат колку што можат, а многумина од нив се во пламен. Се фрлаа на тревата и во водата, обидувајќи се да го изгаснат огнот.
Ова е една од најстрашните експлозии на нафтовод во Макесико во историјата.
Погледнете го вознемирувачкото видео: