Насилни протести избувнаа во неколку американски градови од солидарност со градот Портланд, каде пристигнаа федералните безбедносни сили.
И покрај спротивставувањето на локалните власти, силите интервенираа по наредба на претседателот Доналд Трамп, кој го стави одржувањето на законот и редот во центарот на неговата кампања за претседателските избори во ноември.
Демонстрациите се здобија со нова енергија со насилните судири во Портланд по контроверзната одлука на Трамп да испрати федерални агенти во тој град за заштита на владините згради.
Федералните сили во необележани возила насилно ги избркаа демонстрантите од улиците, а за таа цел користеле солзавец и бесмртоносна муниција против демонстрантите.