Свет 30. ноември 2019. / 17:59

(ВИДЕО) Заложничка драма во казино во Германија, напаѓачот вооружан со секира

(ВИДЕО) Заложничка драма во казино во Германија, напаѓачот вооружан со секира

Непознат напаѓач земал како заложници вработени во обезбедувањето на казино во градот Бухолц, јавуваат германските медиуми.

Специјални единици на полицијата денеска беа распоредени околу казиното, а напаѓачот бил вооружен со секира. Кризата заврши по еден час откако напаѓачот бил уапсен, соопшти локалната полиција.

Покрај полицијата, на местото на настанот пристигнала и брза помош, која ги згрижила и другите вработени во казиното.

Други детали за нападот засега не се познати.