Свет 11. февруари 2020. / 19:53

(ВИДЕО) Вторпат во сто години: Падна снег во Ирак

(ВИДЕО) Вторпат во сто години: Падна снег во Ирак

Жителите во ирачката престолнина ги затекна необична сцена. На нивно изненадување Багдад е прекриен со снег.

Според ирачката метеоролошка организација, земјата е изложена на ладна поларна воздушна маса.

Временските прогнози покажуваат дека оваа студена воздушна маса ќе ја покрие целата земја, предизвикувајќи ненадеен пад на температурата.

Последен пат во Багдад завеа снег јануари 2008 година за првпат во повеќе од 100 години.