Свет 18. декември 2018. / 22:52

ВИДЕО: Возило удри девојче и го фрли во воздух, падна на друг автомобил, а потоа се случи чудо

ВИДЕО: Возило удри девојче и го фрли во воздух, падна на друг автомобил, а потоа се случи чудо

Девојче чудесно преживеа удар од автомобил додека поминуваше улица на пешачки премин во јужна Полска.

На видеото се гледа како младата девојка внимателно проверува дали може да помине улица. Пред да снигне на другата страна, забележува автомобил што брзо и се приближува.

Преплашена ги крева двете раце нагоре и прави чекор наназад. Иако возачот на црната „тојота“ кочи, сепак го удира девојчето и тоа лета во воздух и паѓа на хаубата на друг автомобил.

Возачот на тоа возила притрчува да види во каква состојба е, на чудењет на сите таа станува и останува непоредена и заминува.

Локалните медиуми сугерираат дека девојчето се здобило со помали повреди. Меѓутоа непознато е дали возачот на автомобилот е казнет за оваа несреќа.