Свет 24. јуни 2019. / 18:51

(ВИДЕО) Воен пилот загина во сударот на ловците во Германија

(ВИДЕО) Воен пилот загина во сударот на ловците во Германија

Еден пилот загина откако два германски воени авиони денеска се судрија во североисточна Германија, јави телевизијата „Н-ТВ“, додека пилотот на другиот авион бил пронајден жив.

Германските воздухопловни сили потврдија дека нивните два авиона „јурофајтер“ се судрија над Германија во регионот на Мекленбург-Ворпомерн.

Локалната радио станица извести дека авионите се судриле малку пред 14 часот, во близина на езерото Мириќ.