Воен хеликоптер кој учествувал во операција на НАТО во Медитеранот се урнал во морето меѓу Грција и Италија, соопшти денес канадската војска од чиј носач полетал хеликоптерот.
Грчката телевизија ЕРТ објави дека остатоците од хеликоптерот и едно тело се лоцирани синоќа, додека уште пет лица се водат како исчезнати.
Хеликоптерот „циклон“ се наоѓал на носачот на авиони Халифакс и бил користен во вежба на НАТО во близина на грчкиот брег.
Во тек е операција за потрага и спасување“, кратко соопшти канадската војска, соопшти Ројтерс.
Хеликоптерите од тој тип главно се користат за лов на подморници, надзор, трагање и спасување.
Грчките власти соопштија дека од нив не е побарана помош во потрагата, додека НАТО потврди дека се случил инцидент со хеликоптер.