Свет 07. јануари 2020. / 12:26

(ВИДЕО) Во стампедо на погребот на генералот Сулејмани загинале 35, а повредени се 48 луѓе

(ВИДЕО) Во стампедо на погребот на генералот Сулејмани загинале 35, а повредени се 48 луѓе

Иранската државна телевизија објави дека на погребот на генералот Касем Сулејмани, кој загина во Ирак при американски напад со дрон се случило човечко „стампедо“.

Како што објави иранската национална телевизија, во стампедото 35 луѓе ги загубиле животите, а 48 други биле повредени.


Вчера во Техеран се одржа првата комеморација за генералот Сулејмани, а денеска се одржува втора комеморација во неговото родно место Керман.