Свет 30. октомври 2019. / 12:18

(ВИДЕО) Во Русија погребана најстарата личност во светот

(ВИДЕО) Во Русија погребана најстарата личност во светот

Танзинија Насихановна Бисембеева е најстарата личност на нашата планета, погребана е во родното село Исламгазри во регионот Краснојаска, Русија.

– Почина на 124 години и погребана е на семејните гробишта. Целото село дојде да и се поклони, изјавија локалните власти.

Од јануари оваа година, Русинката се сметаше за најстарата личност на светот, а беше впишана во Руската книга на светски рекорди.

Таа почина со ненавршени  123 години, 7 месеци и 16 дена. Имала три сина, 10 внуци, 25 правнуци и двајца праправнуци.

Според „Росискаја Газети“, Танзила Бисембеева, која е родена на 14 март 1896 година, била сведок на многу историски случки: Октомвриската револуција (1917), Светската војна (1941-1945) и распадот на СССР.

Една година подоцна, откако беше прогласена за најстарата чилност во светот, сепак е откриена Нана Шаова од Кавкаската Област која тогаш имала 127 години, но таа пак, почина на почетокот на оваа година.