Свет 05. февруари 2020. / 11:01

(ВИДЕО) Во превртен камион загинал еден, а повредени се 80 мигранти

(ВИДЕО) Во превртен камион загинал еден, а повредени се 80 мигранти

Еден човек загинал, а осумдесетина се повредени кога во јужно Мексико се превртел камион полн со мигранти од Централна Америка, коишто патувале кон САД.

Во соопштението на полицијата од мексиканската сојузна држава Веракруз се наведува дека најголем дел од настраданите биле од Гватемала.

Првично не се познати причините за несреќата што се случила во близина на градот Сан Андреас Тукстла, на нешто повеќе од 500 километри од главниот град, Мексико сити.

Хуманитарни организации одамна предупредуваат дека заострената миграциска политика на Мексико ќе ги доведе мигрантите во опасност, затоа што ќе ги принуди да бараат услуги на криумчари и да користат несигурни видови на транспорт.

Поради големиот американски притисок врз Мексико да го спречи мигрантскиот наплив кон САД, мексиканскиот претседател, Андрес Мануел Обрадор, ја овлсти Националната гарда да ги спречува мигрантите да се движат низ земјата на пат кон американска територија.