Свет 13. јануари 2020. / 18:24

(ВИДЕО) Во напад со нож во САД повредени се осум лица

(ВИДЕО) Во напад со нож во САД повредени се осум лица

Маж во Колорадо Спрингс, САД, избоде осум лица во случаен напад утрово на неколку различни локации, јави Си-Ен-Ен.

Напаѓачот бил запрен откако жртвите му се нафрлиле. Полицијата одговорила на повик во 01:30 часот по полноќ и открила две лица прободени со нож, до кои убиецот одел пеш низ паркот. Полицајците заминале во насока што им ја покажале жртвите и нашле уште нападнати.

Кога отишле на местото од каде пристигнал повикот, го нашле напаѓач кој бил запрен од жртвите. Напаѓачот бил однесен во притвор.

Нападите се чини дека биле случајни и нема никаква врска помеѓу осомничениот и жртвите, се вели во полициското соопштение. Сите осум жртви се однесени во болница со убодни рани.