Свет 11. ноември 2019. / 11:18

(ВИДЕО) Во масовна гробница во Мексико откриени десет нови жртви на нарко картелите

(ВИДЕО) Во масовна гробница во Мексико откриени десет нови жртви на нарко картелите

Форензичари од мексиканската држава Соноре открија десет нови тела во масовна гробница во близина на приморскиот град Пуерто Пенаско, со што бројот на тела и коски пронајдени во таа област од минатиот месец се зголеми на 52.

Телата се пронајдени во близина на заливот Калифорнија, а како што соопшти канцеларијата на државниот обвинител, на откритието укажала групата доброволци „Мајките кои бараат“.

Како што се наведува, нарко-групите и криумчарите често погребуваат тела на лица кои ги убиле на тајни локации.