Свет 11. ноември 2019. / 11:05

(ВИДЕО) Во две австралиски држави прогласена вонредна состојба поради пожари

(ВИДЕО) Во две австралиски држави прогласена вонредна состојба поради пожари

Властите во австралиските држави Квинсленд и Нов Јужен Велс прогласија вонредна состојба поради пожарите кои избија за време на викендот, при што загинаа три лица, а уништени се повеќе од 150 куќи.

Временските услови со температури повисоки од 34 степени и силен сув ветер го отежнуваат гаснењето на пожарите и го загрозуваат квалитетот на воздухот.


Според премиерот Гледис Буреџиклијан, ваквата мерка е донесена поради заштита на животот, имотот и безбедноста за сите граѓани.

Властите истовремено го предупредија локалното население дека би можело да се случи и евакуација, додека е се уште се мирно и без паника.


Во гаснењето на огнот на пожарникарите  им помагаат колегите од државата Вирџинија, а вкупно се ангажирани 400 пожарникари со 50 возила.

Во текот на сувата летна сезона во Австралија шумските пожари се вообичаени, а најлошата огнена стихија ја погоди земјата во 2009 година, кога загинаа 173, а 414 луѓе беа повредени.