Свет 24. октомври 2019. / 10:22

(ВИДЕО) Вкупно 18 загинати при протестите во Чиле

(ВИДЕО) Вкупно 18 загинати при протестите во Чиле

Стотици илјади луѓе учествуваа на последниот протест против социјалните нееднаквости во Чиле и покрај реформите што ги најави претседателот Себастијан Пинера.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден загинале три лица, со што вкупниот број на жртвите на протестите се зголеми на 18. Возрасен маж и четиригодишно дете се прегазени од автомобил, а третиот човек загинал при полициско насилство.

Два супермаркета биле запалени во северниот град Антофагаста, а еден хотел бил предмет на вандалски настан во Сантјаго, јави локалната телевизија Вентикуатро Орас.


Протестите почнаа поради зголемување на цените на билетите за метрото. Мерката беше укината, но тоа не ги смири демонстрантите. Претседателот Пинера најави реформи, вклучително и зголемување на пензиите и минималната плата, пониски цени на лековите и повисоки даноци за богатите.

И покрај тоа, имаше демонстрации во повеќе градови, а полицијата употреби водени топови за да ги растера демонстрантите.

Чиле е една од најбогатите земји во Латинска Америка, но истовремено и една од оние во кои има најголема социјална нееднаквост.