Поради густата магла и појавата на голомразица на автопат во источниот дел на Вирџинија дошло до верижен судар во кој учествувале 63 возила. Во карамболот 35 лица се здобиле со телесни повреди.
Поради сударот, што се случил на околу 80 километри источно од Ричмонд, автопатот бил затворен во двата правца.
Како што пренесува порталот „nbcnews“, несреќата се случила малку пред осум часот по локално време.
Се наведува дека некои лица се здобиле со полесни повреди, но дека има и такви кои се животно загрозени.
63 cars pile up in Virginia ???
Why the hell you guys are going out in icy snow ? ? ? ? Stay inside a cozy blanket da pakkis
Hope everyone safe.. ????#Virginia
— vaishali (@vaisu_tweets) December 22, 2019
Портпаролот на регионалниот Медицински центар на Твитер објавил дека кај нив биле згрижени 25 повредени лица, од кои едно било во тешка состојба.
Полицијата објавила и фотографија од сударот на која се гледаат превртени и смачкани автомобили.
Авторитетите апелираат до возачите да бидат внимателни во возењето, особено на мостовите, заради голомразицата и маглата.