Руската Федерална служба за безбедност уапси војник на Црноморската флота во Севастопол под сомнение дека извршил предавство, односно дека открил информации што претставуваат државни тајни на украинското Министерство за одбрана, јавува ТАС.
„Федералната служба за безбедност во Севастопол уапси војник на Црноморската флота, кој собираше и пренесуваше информации, што се државна тајна, до Генералниот директорат за разузнавачки служби на украинското Министерство за одбрана“, објави Федералната служба за безбедност во Севастопол.
Војникот може да биде осуден на 12 до 20 години затвор, а истрагата за овој случај продолжува.