Свет 24. октомври 2019. / 15:35

(ВИДЕО) Тројца загинати во поплави во јужна Франција

(ВИДЕО) Тројца загинати во поплави во јужна Франција

Најмалку три лица загинале во невремето и поплавите што го зафатија југот на Франција оваа недела, соопшти француската Влада.

Бурата и поројниот дожд беа толку интензивни што носеја автомобили во некои градови во регионот.

Ширум Франција, улиците и патиштата се сериозно оштетени и покриени со кал.

Францускиот метеоролошки институт вчера објави дека невремето и поројните дождови и денеска ќе се задржат во јужна Франција.