Три лица се избодени до смрт во центарот на Глазгов, јави Би-Би-Си.
Според првичните информации на медиумот, полицијата најверојатно го убила напаѓачот.
Дел од локалните медиуми јавија дека и еден полицаец е тешко повреден. На местото на инцидентот се вооружени полициски сили.
Полицијата соопшти дека ситуацијата во моментот е под контрола.