Британците денеска организираат големи протести во Лондон против американскиот претседател Доналд Трамп, на кои главен лик е балонот во форма на бебето Трамп.
Трамп со премиерката во оставка , Тереза Меј расправаа за договорот за слободна трговија по излегувањето на Британија од ЕУ, пишува Канал5. Водачот на лабуристите Џереми Корбин ги предводеше денешните протести против Трамп. Тој и неговите сопартијаци од опозицијата го бојкотираа синоќешниот кралски банкет , што го организира кралицата Елизабета II.
На вечерата имаше 170 гости , каде Трамп се заблагодари на љубезното гостопримство , а потоа-задрема. И тоа додека кралицата го држеше својот говор.
#Trump falls asleep during Queen’s welcome speech!!! What a disgrace!! Loser with a capital L #TrumpUKVisit #TrumpNotWelcome #TrumpsAnInternationalDisgrace @cher @ChrisEvans pic.twitter.com/tmQ6CZd1Zp
— Kate Danby (@KateDanby2) June 3, 2019
Освен тоа , за време на вечерата Трамп ја потчукнуваше кралицата по грбот , што е строго забрането со протоколот. На вечерата изненади и премиерката во оставка , Тереза Меј , која се појави во црн фустан со длабоко деколте.
Принцот Хари и Меган Маркл не беа присутни на вечерата, поради новороденчето.
Затоа Кејт Мидлтон беше облечена како принцезата Дајана со нејзината легендарна тијара , што починатата принцеза ја добила како подарок од кралицата кога се венчавала со принцот Чарлс.
Гостите биле послужени со јагнешко во сос од зеленчук , пролетен зеленчук и сос од лук , имало и риба со шпаргли . На кралскиот банкет било послужено и виното Шато Лафит Ротшилд од 1990 година , кое се продава по цена од 1 400 фунти за шише.