Свет 27. октомври 2019. / 15:37

(ВИДЕО) Трамп потврди: Лидерот на Исламска Држава е мртов

(ВИДЕО) Трамп потврди: Лидерот на Исламска Држава е мртов

Американскиот претседател, Доналд Трамп, на прес-конференција објави дека има потврдени информации оти лидерот на Исламска Држава, Абу Бакр ал-Абдади е мртов.

Трамп истакна дека изминатата ноќ САД донеле правда за најголемиот терористички лидер во светот.

Американскиот претседател изјави дека лидерот на терористичката организација умрел „викајќи, плачејќи и врескајќи“ откако влегол во тунел од кој немало излез.