-Успеавме да ги минеме пречките и денес се наоѓаме тука, порача Ким Џонг Ун.
Трамп кажа дека му е чест да биде во Виетнам и додаде дека му е драго што се сретнува со Ким. Истакна дека нивната прва средба била успешна и дека се надева дека оваа ќе биде подеднакво успешна.
Американскиот претседател истакна дека го смета Ким за голем лидер и дека верува дека Северна Кореја има голем економски потенцијал.
Двајцата лидери заминаа на вечера по која ќе одржат конференција за медиумите.
Соединетите Држави повеќе пати побараа од Пјонгјанг целосно и неповратно да се ослободи од својот нуклеарен потенцијал и да овозможи проверки на процесот.
За Северна Кореја, пак, денуклеаризацијата има пошироко значење. Таа бара укинување на меѓународните санкции кои ги задушуваат и сопирање на американските закани, односно американското воено присуство во Јужна Кореја и во регионот.