Свет 27. февруари 2019. / 18:09

(ВИДЕО) Трамп и Џонг-ун очекуваат напредок во односите

(ВИДЕО) Трамп и Џонг-ун очекуваат напредок во односите

Американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг –ун денеска се сретнаа на втора средба во главниот град на Виетнам, Ханој.

Тие накусо се ракуваа во луксузниот хотел Метропол, а Трамп изјави дека верува во успешни разговори и дека има намера „да не попушти во денуклеаризацијата”. На прашањето дали ќе прогласи формален крај на корејската војна тој кусо рече „Ќе видиме”.

Двајцата лидери по состнакото заминаа на вечера, која траела точно еден час и 42 минути.

Трамп пред вечерата изјави дека со Ким имале добар прв состанок и дека бил постигнат најголем до сега напредок во нивните односи.

Тој го пофали Ким како голем водач, а дека Северна Кореја има голем економски потенција, за кој САД се подготвени да помогнат во нивната успешна иднина.