Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Соединетите Американски држави можат да се претворат во нова Венецуела доколку кандидатот на Демократската партија, Џо Бајден победи на претседателските избори.
„Овие се најопасните избори што ги имаме, затоа што не мислам дека некогаш ќе се опоравиме ако тие (демократите) победат. Ќе има уште една Венецуела. Реков претходно – Ќе бидеме втора Венецуела ако победат“, рече Трамп во Висконсин.
На истиот собир тој го нарече рускиот лидер Владимир Путин „шахист од светска класа“.
Американската претседателска кампања во моментов е во полн ек. Според последните анкети, обајцата кандидати имаат приближно иста поддршка.